ЕДУКА МАК е издавачка куќа за издавање на едукативни материјали и други изданија, книги за деца од предучилишна и рана училишна возраст. Тоа е нашата цел и наша задача. Мисијата на ЕДУКА МАК е ЕДУКАЦИЈА на децата од најрана возраст со помош на нови современи едукативни материјали и дидактички средства, како и прирачници што ја следат Програмата за рано учење и развој.
Списанијата за деца СМЕШКО и СУПЕР СМЕШКА се наменети за децата од предучилишна возраст кои според својата концепција ги надминуваат досегашните традиционални форми и облици на изданија за деца и се први од ваков вид во Република Македонија. Содржините се компатибилни со новата програма РАНО УЧЕЊЕ И РАЗВОЈ и ги содржи сите аспекти (домени) од развојот на детето. Списанијата се произлезени од практиката, соединето со теоријата. Одобрени се од Министерот за труд и социјална политика за употреба во детските градинки. Списанијата излегуваат еднаш месечно во текот на една учебна година - вкупно 10 броја од Септември до Јуни.
Едукативни сликовници и боенки со илустрации и римувани стихови, кои ги водат децата низ процесот на стекнување знаења, ја развиваат фантазијата, јазичната писменост и севкупниот развој на детето според основните програмски барања. Со помош на илустрациите тие го поттикнуваат когнитивниот аспект од раното учење и развој и ја развиваат и графомоторната способност кај децата. Низ хумористични илустрации и стихови со ритам и рима, сообразени со возраста на детето, се развиваат многу позитивни особини и ненаметливо се насочуваат во правец создавање на здрави навики кај децата.
Едукативните интегрирани прирачници за деца од предучилишна возраст се компатибилни со принципите и аспектите на Програмата за рано учење и развој, со примена на холистичкиот пристап во интерпретацијата и анализата на содржините. Активностите се длабоко осмислени со различни илустративни и текстуални креативни решенија за интегрирање на целите и задачите од повеќе воспитно-образовни подрачја од различните аспекти на развојот на детската личност. Прирачниците се погодни за индивидуални активности на децата, за развој според индивидуално темпо и следење од страна на возрасните. Воедно даваат одлична можност за воспоставување интеракција и комуникација на релација дете - дете и дете - возрасен.
Другите наслови наменети за децата од предучилишна и рана училишна возраст се дидактички материјали кои даваат можност на забавен начин, низ хумористични илустрации од кои детето чита, децата да стекнат знаења. Многу ситуации и проблеми се опфатени како постапки што се составен дел од детското секојдневие, а за нив многу малку се зборува. Во содржината на овие наслови се нудат повеќе креативни решенија со активности низ игра и со посочени модели на однесување. Тие се извонреден водич, но и поттик за воспитувачите и родителите за правилно воспитно влијание во развојот на децата. Квизовите се одлична можност за откривање на потенцијалите кај децата, како и за работа со талентирани деца.
Енциклопедија за Македонија со 39 тематски содржини
100 басни со животни и поуки за деца и возрасни
Гатанки погодувалки - пишувалки
Мини роман за деца за доживувањата и авантурите на еден мачор - милениче
Раскази за деца
Раскази за деца и одржувањето на забите
Интерактивна едукативна боенка со букви
Интерактивна едукативна боенка со броеви
Интерактивна едукативна боенка со животни
Интерактивна едукативна боенка со сообраќајни средства
Поезија за деца - збирка на римувани стихотворби
Поезија за деца - збирка на римувани стихотворби
Месечно списание за деца според програмата Рано учење и развој
Екокнига - сликовница за едно дете кое екоприказни плете.
Книга - сликовница за буквите низ песни и стихови лесни.
Приказна за кучето Бало кое сонува да патува за земјата Таратамбо.
Најголемата цел што не' инспирира и кон која се стремиме се ДЕЦАТА. Ние сме најсреќни кога чувствуваме дека нашиот живот има смисла и дека правиме промени во светот на децата, внесуваме новини во нивниот развој и постојано придонесуваме да растат насмеани, среќни и весели.
como fazer deposito na gate.iocomo fazer deposito na gate.io
© 2015 EDUKA MAK Publishing